Фирмата "Темо Комерц" - Скопје е основана 1989 година од страна на Темелко Стојчески кој воедно е и сопственик на истата.
 Во самиот старт конфекциониравме екстремултус каиши за подоцна беспрекорно да изработуваме и монтираме PVC и PU Транспортни ленти. Од 1995 година почнавме со конфекционирање и монтажа на тефлонски траки како и лепење на истите на лице место. Во исто време располагаме со сите видови на клинести ремени, синхрони ремени, варијаторски ремени, со еден збор се што врти на машината е присутно кај нас.
   Од 1998 година стартувавме како генерални дилери на реномираните брендови "BANDO" - Japan и "Gates" - USA за Македонија, Албанија и поранешните YU простори. Сите видови на ремени се со висок квалитет кој е потврден и докажан од страна на купувачите. Со самите производи доставуваме и сертификат за потеклото и квалитетот на истите.
 
 

Почетна| Производи | Услуги | Контакт
БМГ Универзум 2009